fbpx

Русија - Москва и Санкт Петербург

1 ден Белград -Москва
Состанок на групата два часа пред поаѓање на Air Serbia аеродромот “Никола Тесла” во 04.30 часот.Лет со авиокомпанијата Air Serbia vo 06.35 часот(JU 650) . Пристигнувањето на аеродромот во Москва Шереметјево во во 10:15 ч. Панорамско разгледување на градот со автобус: центарот на градот, Црвениот плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј, Бољшој театарот, Црква на Исус Христос Спасителот,Новодевичанскиот Манастир, видиковецот Врапчево брдо, Универзитетот “Ломоносов”, Паркот на победата и други. (без ввлегување во објектите)..Трансфер до хотелот.Посета на Московското метро во вечерните часови,особено на некои од најубавите метро станици, кои наликуваат на музеи (мозаици, скулптури) (факултативно) Ноќевање.

2 ден . Москва
Појадок. Факултативна програма: Кремљ, најстариот дел од историскиот центар на Москва, со извонредна убавина на архитектонски и уметнички комплекс. Прошетка по делот на црквата Успесение на Архангел, палатата каде се наоѓа ризницата на Царска Русија. Големо историското и уметничкото богатство на Московскиот Кремљ, кои се собрани во една збирка од која е настанат Музеот (Богатството од царска Русија), кој е под заштита на УНЕСКО. Посета на палатата на оружјето,ризницата на царска Русија Попладне слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерен разглед на Москва по река-пловење со ексклузивниот брод -ресторан Radisson. Ноќевање

03. ден . Москва
Појадок.Факултативна програма: Сергиев пасад (поранешен Загорск, 70 километри од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комплекси, поранешна резиденција на рускиот патријарх. Потоа, разглед на Тројствената лавра на Св. Сергеј.Факултативна екскурзија кон Музеот Бородинската битка -посветен на војната на Наполеон во 1812.Главен експонат на музејот е панорамаата,кое преставува огромно сликано платно со димензии 115 х 15м,кое виси во затворен круг и преставува еден од најтешките моменти на војната на Бородинското поле. Слободно време. Ноќевање во хоте

4 Ден Москва- Санкт Петерсбург

Појадок.. Трансфер до железничка станица.Патување за Санкт Петерсбургво 09.30 часот со современ воз Сапсан. Пристигнување во 13.20м часот. Панорамско разгледување на градот : Невски Проспект, Казанскиот Парламентот, Кралскиот плоштад, Адмиралитетот, Васиљевско острово, Ермитаж, Исакиевската катедрала, бронзеното Коњаник … (без да се влезе во просториите). Трансфер до хотелот. Сместување Слободно време. Ноќевање

5 Ден Санкт Петерсбург
Појадок.Факултативен излет-Крстрење по реката Нева,со специални бродови,прилагодени за минување низ каналите и ниските мостови,поради кои овој град го доби името Северна Венеција.Поглед кон знаменитостите на градот и неговата архитектура од легендарната река Нева ,кое преставува големо доживуање и ќе остане засекогаш врежано во вашите сеќавања.Факултативен разглед на Петропавловската тврдина, историското јадро на градот, ПеттропавловскатаЦрква, каде се наоѓаат сите руски императори, почнувајќи со Петар I, Историскиот музеј на Санкт Петербург, познатиот затвор. Ноќевање.

6 Ден Санкт Петерсбург
Појадок. Факултативна програма: Екскурзија до Петерхоф – Рускиот Версај, царската летна резиденција на Петар Велики.Разглед на Горниот и Долниот Парк и познатата фонтана со 250 позлатени скулптури. Разгледот вклучува прошетка по парковите, со прекрасен поглед кон Заливот на Финска, Санкт Петербург и Кронштат. Факултативна програма до Пушкин-Царското Село – летната резиденција на Екатерина Велика, замокот и прекрасниот парк со површина од 34 км2.Ентериерот на замокот фасцинира со сјајот на уметнички предмети изработени од полускапоцени камења, злато, портрети на династијата Романови. По повод 300 – годишнината од основањето на Санкт Петербург заврши реконструкцијата на познатата Килибарска сала, која го врати некогашниот сјај на дворецот на Катерина

7 ден Санкт Петерсбург -Белград

Појадок.Факултативна програма: Ермитаж, разглед на еден од најголемите музеи во светот на Зимскиот дворец, со над 3 милиони експонати, со ремек-делата на Леонардо да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Сезан, Пикасо Слободно време.Трансфер до аеродромот .Лет за Белград во 21:35 часот си . ..Пристигнување во Белград во 23.20 часот.


Период 07.04.-13.04.2019


Цена по лице во 1/2 соба на база ноќевање со појадок

495€/ 30.690мкд


Во цената е вклучено:

• авионски карти според програмата;

- Белград – Москва

- Москва – Ст Петрбург ( воз)

- Ст Петрбург – Белград

• Сместување во Москва – H.Delta 4* во двокреветна соба, со појадок

• Сместување во Ст.Петерсбург – Moskva 4* во двокреветна соба, со појадок

• Трансфери според програмата;

• разглед на Москва и Ст.Петерсбург

• Придружник на групата, локални водичи; организација на аранжманот

Цената не е вклучено:

• аеродромските такси и задолжителното осигурување во авионскиот сообраќај (сса 125 € (7.750 мкд), кои е подложат на промени);

• факултативни програми;

• индивидуални трошоци;

Факултативна програма:

Москва

• Кремљ (делот на Кремљ и две православни цркви), палата на оружјето 55 еур

• Сергиев имот (поранешен Загорск) 40 еур

• Прошетка на Московското метро 10 еур

• Бородинска битка 30 еур

• Kрстарење по реката Москва 35 еур

Ст.Петерсбург

• Ермитаж 40еур

•Пушкин (Царското село) 55 еур

•Петерхоф, Горен и Долен парк 45 еур

.Петропавловска Тврдина 30 еур

.Возење по реката Нева 30 еур

Сите цени вклучува: водич, автобуски превоз и влезници

За реализација на Пушкин ( Царско село ), Кремљ и Палатата на оружјето пријавување и плаќање е веднаш со правење на резервација во агенција.

Опис на хотелите

Hotel Delta 4*: www.izmailovo.ru

Хотелот е дел од поранешниот комплекс Izmailovo. Метро станицата е на 100 m од хотелот. Во близина на хотелот има голем број на ресторани, трговски центар и голем пазар за сувенири. Возење со метро до Црвениот плоштад трае околу 15 минути (од хотелот со пешачење 25 минути), како информација за движење во слободно време. Во 2012 год. хотелот е комплетно реновиран. Појадокот е шведска маса.

Sankt Peterburg, Hotel Moskva 4* www.hotel-moscow.ru

Хотелот се наоѓа во центарот на градот, на крајот на Невски Prospekt, на брегот на Нева. Влезот во метро станица се наоѓа во зградата на хотелот, кој дава можност дека без многу напор и губење на време да се стигне до главните знаменитости. Хотелот е целосно реновиран во 2007 година, а од 2008 година има добиено категорија 4 *.
Содржина: Хотелот располага со неколку ресторани : ресторан на пивото, , ресторан со Грузиска кујна, бар “Панорама”, со прекрасен поглед на историскиот центар на градот и Нева. Во фоајето на хотелот е касата на театарот, кој дава можност за купување на билети за концерт и театарски програми на Ст. Петербург. Хотелот располага со 825 соби, кои се опремени со ТВ (сателитски програми), телефон, фрижидер, Wi Fi интернет.
Појадокот е сервиран на шведска маса.

►Плаќањето е задолжително во денари

►За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (виза за туристичко патување не е потребна)
►Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
►За резервација задолжителна уплата аванс од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување

Доколку не се оствари минималниот број на патници агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.
Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување, патниците ги вршат во денари. Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата на земјата која е цел на патување, на лице место.
Содржината на Панорамските тури и разгледите се подложни на промени условени од оправдани причини, (застој во сообраќајот, локални штрајкови, лоши временски услови…)
Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен агенцијата не може да гарантира, со исклучок во случај кога за одреден хотел постои доплата со која патникот си обезбедува поглед на море / базен.
Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и ино партнерот. Во случај на накнадна промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплата за истите.
За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се рачуна од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14Ч00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
Дополнителните односно помошните кревети најчесто се на расклопување, и често пати со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен кревет, и во истите децата го делат истиот лежај со родителите.
Организаторот не сноси одговорност за евентуалните поинакви усни информации за програмата на патување.
Цената на аеродромските такси е подлежна на промена и не зависи од организаторот на аранжманот туку од самата авио компанија. Точната цена на аеродромската такса се утврдува при издавањето на авионската карта, најдоцна 48 часа пред почеток на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на поедини содржини заради објективни околности.
Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ за агенции членки на СКТМ кои се составен дел на оваа програма.

Прочитано 2465 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top