fbpx

ЗАКИНТОС ЛЕТО 2019

  • Понудата е објавена на 15/05/2019

 

ЗАКИНТОС – ЛЕТО ЗА МЛАДИ 2019
ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕТО
(7 ноќевања)

Закинтос или Занте, како што се уште го викаат мештаните, е трет по големина од Јонските острови. Овој остров го карактеризираат прекрасните плажи со златни песоци и посебните видови на желки – „Карета“ кои на овој остров ги несат јајцата и се една од причините што овој остров е прогласен за национален крајбрежен парк. Од друга страна, архитектурата на самиот Закинтос е доста уникатна и на секој чекор се чувствува влијание на многубројните освојувачи кои владееле со овој простор. Место кое и оваа година ќе биде наша централна дестинација е Лаганас, град сместен на 9 км долгата плажа, во најтоплиот залив во цела Грција. Голем број врвни дискотеки и клубови, одлични ресторани со специјалитети од сите делови на светот, но и незаборавните излети со гарантирано незаборавни доживувања. Вистински избор за младите и оние кои така се чувствуваат. Забавата може да започне!!!

1. ДЕН – СКОПЈЕ
Поаѓање од Скопје во вечерните часови. Возење со попатни паузи и одмори. По ноќното возење, следува пристигнување во градот Килини и премин со фериброд до главниот град Закинтос, од каде што следува кратко возење до нашата крајна дестинација, до фасцинантниот – Лаганас! Сместување на групата и запознавање со местото...

2 – 8. ДЕН – ЛАГАНАС
Закинтос, преубав остров на Јонското Море, веќе години наназад го спојува неспојливото – пријатен одмор од една страна, но и прекрасни доживувања и незаборавни забави од друга страна. Исклучително пријатната клима, плажите од соништата, кристалното чисто море, националната грчка кујна... го ветуваат летувањето за сите времиња!!! Секако големиот број на клубови со млади луѓе од целиот свет, луцидни ДЈ – и, тематските забави во наша организација, гарантираат забава до раните утрински часови. За овие десет дена на островот доживејте несекојдневни забави и создадете си незаборавни спомени за цел живот!

9. ДЕН – ЛАГАНАС - СКОПЈЕ
По напуштањето на собите и слободното време за шопинг, тргнуваме назад кон Скопје. Преминуваме со фериброд до пристаништето Килини, а потоа следува ноќно возење


ЦЕНА НА АРАНЖМАН

Термин
услуга Vila Astoria Vila Karakas
  1/2 1/3 1/4 1/2 1/3 1/4
01.07-10.07 (7 ноќевања) OB / 139€ 119€ 169€ 149€ /
08.07 – 17.07 (7 ноќевања) OB / 175€ 155€ 205€ 185€ /
15.07 -25.07 (7 ноќевања) OB / 195€ 175€ 225€ 205€ /
22.07 –31.07 (7 ноќевања) OB / 195€ 175€ 225€ 205€ /
29.07 -07.08 (7 ноќевања) OB / 179€ 159€ 209€ 189€ /
05.08 – 14.08 (7 ноќевања) OB / 179€ 159€ 209€ 189€ /
12.08 – 21.08 (7 ноќевања) OB / 159€ 139€ 189€ 169€ /
19.08 – 28.08 (7 ноќевања) OB / 129€ 99€ 159€ 139€ /

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Комплетна организација со водич на патувањето
• 7 ноќевања во избраната вила во Лаганас
• Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео)

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Факултативни излети
• Патничко и здравствено осигурување
• Превоз со траект на релација Килини – Закинтос – Килини (20€)
• Туристичка такса – 0,5 € по ноќ

ОПИС на сместување:

• Вилата Асторија поседува двокреветни, трикреветни и четирикреветни студија. Секое од нив поседува балкон, фрижидер, тоалет, мини кујна, како и клима уред (кој може да се користи со доплата на лице место). Вилата поседува одлична локација и излегува на самата плажа во Лаганас која поседува барови и ресторани. Одличната локација се надополнува со тоа што вилата е лоцирана на само 5 минути од главната улица во Лаганас, која изобилува со многубројни дискотеки, барови, клубови, ресторани и претставува совршено место за уживање на секој млад човек.

• Вилата Каракас поседува двокреветни и трокреветни студија. Секоја од нив е опремена со фрижидер, тоалет, сеф. Се наоѓа на одлична локација на само 400 метри од главната плажа која е во должина од 5км и е на само неколку минути од главната улица во Лаганас, која изобилува со многубројни дискотеки, барови, клубови, ресторани и претставува совршено место за уживање на секој млад човек.

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top