fbpx

ШПАНИЈА ЛЕТО 2019

  • Понудата е објавена на 03/07/2017

 

ДЕН (20.06 – Четврток) – MAKЕДОНИЈА
Поаѓање околу пладне од Скопје. Возење со висококвалитетни автобуси на релација Скопје – Белград – Љубљана – Венеција.

ДЕН (21.06 – Петок) – ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во Пунта Сабиони, – факултативно возење со брод по венецијанската лагуна, разглед на град: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата на Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто… Слободно време за индивидуални обиколки на градот. После разгледот поаѓање кон хотелот во регијата Венето или во околина на Верона. Ноќевање.
ДЕН (22.06 – Сабота) – ВЕРОНА – ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА
Појадок. После појадокот , поаѓање кон Верона. По пристигнувањето разглед на градот : Piazza Bra, Arena, Piazza delle Erbe, Piazza della Signoria, Arche Scaligeri, Casa di Giulietta…Патувањето го продолжуваме преку Северна Италија и Франција кон Шпанија. Ноќно возење.
ДЕН (23.06 – Недела) – ЉОРЕТ ДЕ МАР – ШПАНИЈА
Во утринските часови пристигнување во најпознатото туристичко место – Љорет де Мар (65 км од Барселона). Сместување во хотел со 3*** од 14:00 часот ( на база 6 полу пансиони – на база на шведска маса). Попладне предвидено за одмор и капење. Вечера . Ноќевање.5 – 9. ДЕН (24.06 Понеделник – 28.06 Петок) – ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА
Полупансион. Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, PORT AVENTURA, NOU CAMP, AQUARIUM …
Освен предвидените излети , времето во Шпанија може да го искористите уживајќи на прекрасните плажи на целиот брег на Коста Брава. Проверете зошто плажите во Љорет де Мар имаат “сини знамиња” кои се доделуваат на плажите врз основа на квалитет на вода и безбедност на пливачите.

Ден (29.06 – Сабота) – ЉОРЕТ ДЕ МАР
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и слободно време. Поаѓање од Љорет во вечерни часови. Ноќно возење низ Франција со попатни паузи.
Ден (30.06 – Недела) – НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО
Во утринските часови пристигнување на Азурниот брег. Посета на Ница (целодневен престој во Ница). Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena… Во вечерните часови посета на Кнежеството Монако. Разглед на овој бајковит град, ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1, обиколка на познатото Казино и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. По завршувањето на обиколката патувањето продолжува со ноќно возење Македонија.
Ден (01.07 – Понеделник) – МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во вечерните часови.


ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

Цена по лице за 1/2 соба 349 eвра
Цена за трет возрасен во 1/3 соба 309 евра
Дете 2-11,99 249 евра
Дете 0 – 1,99 бесплатно

 

Цената вклучува:
-Комплетна организација на патувањето
-Превоз со модетен туристички автобус (клима, тв, видео) на наведените релации
-Разглед на градовите според програмата
-1 ноќевање со појадок (континентален) во регијата Венето или во околина на Верона (хотел 3*, соби 1/2+1)
-6 ПОЛУ ПАНСИОНИ (оброци на база на шведска маса) во Љорет де Мар во хотел Checkin Caribe 3*** (соби 1/2+1)

Цената не вклучува:
-Патничко и здравствено осигурување
-Факултативни излети

Задолжителна градска и комунална такса која се плаќа на рецепција на хотелот:
-Задолжителна градска такса за регијата Каталонија (од 01.11.2012) – во хотелите со 1*, 2* i 3* – 0.50 € по ноќ/по oсоба – се плаќа на рецепција на хотелот.
-Туристичка такса која се плаќа во Италија во хотелите (за хотели со 3 *** 1.5 e – 2.5 € во зависнот од местоположбата на хотелот, хотел 4**** од 4€ )

Oпис на сместувањето:
HOTEL CHECKIN CARIBE 3*** е вистински избор за парови и секако оние кои сакаат сместување на добра локација проследено со пријателска атмосфера. Хотелот е оддалечен на 250 метри од плажата во Лорет де Мар. HOTEL CHECKIN CARIBE 3*** има ресторан којшто е спрецијализиран за каталонска , шпанска и интернационална храна на база на шведска маса. Во хотелот се наоѓа и популарен бар. Сите соби имаат балкон, тоалет и туш кабина и сателитска и тв канали.

ЦЕНА НА ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

Барселона панорама-20 €
Барселона шопинг и магични фонтани-15 €
Витешка вечер (Castel Medieval)-30 €
Фламенко Monterrey Lloret de Mar-25 €
Коста Брава-20 €
Венеција-20 €
Камп Ноу-28 €
Аквариум-20 €
Мариниленд-25 €
Порт Авентура-50 €
Тропикс дискотека–клуб картичка-30 € (2 уклучени пијалоци)
За оваа програма важат општите услови за патување на

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top