fbpx

ОСТРОВ ИОС ЛЕТО 2019

  • Понудата е објавена на 26/04/2017

ИОС 2019
ЛЕТО ЗА МЛАДИ


Иос –Најпопуларниот остров помеѓу младите. Токму и тие го нарекуваат Грчката Ибица. Единствениот остров на кој забавата трае 24 часа. Островот е едно од најубавите места во Грција, но сето тоа е зачинето со луди журки и забави. Кога присуствувате на овој остров, едноставно енергијата која тој ја носи, ве тера да се впуштите во уживање на она што го имате пред вас и без размислување да ги создадете најдобрите спомени кои самиот остров може да ги создаде. Тоа ја оправдува информацијата дека островот го посетуваат преку 30.000 млади во летната сезона од целиот свет, и на големо наше задоволство за прв пат ќе биде посетено и од младите од Македонија. Не дозволувајте да ви прераскажуваат и да гледате слики како си поминавме, едноставно, впуштете се во ова што го нудиме само ние…
Покрај забавата, Иос важи и за остров кој е опколен со преубави плажи. Една од најстарите и најпопуларните плажи е Mylopotas, која е меѓу најубавите плажи на Егејското Море. Плажите на Иос, ќе ве остават без зборови и ќе направат да се чуствувате како да сте во рајот на земјата. Плажите се со ситен песок кои својата убавина ја споделуваат со кристално чистата вода. Едни од најпопуларните плажи на островот исто така се Mylopotas, Manganari, Jialos и Koubaras. Колку и да продолжиме да ви го опишуваме ова преубаво место за журка и одмор нема да можеме да го доловиме она што го поседува островот кој е опколен со исто така најпопуларните острови: Миконос и Санторини (Mykonos,Santorini).

1 ДЕН. (СКОПЈЕ – АТИНА)
Поаѓање во попладневните часови. Возење низ Македонија и Грција со попратни паузи.
2 ДЕН. (ПИРЕА – ИОС)
Пристигнување на пристаништето Пиреа, упатување кон Иос со траект. Пристигнување на Иос. Сместување.
2 – 9 ДЕН. (ИОС)
Престојот на овој остров никако нема да ве остави рамнодушни. Прекрасните плажи, богатата флора и фауна како и големиот број на барови на плажа, дискотеки и грчки таверни ќе се погрижат да го доживеете најлудото лето досега.
9 ДЕН. (ИОС – ПИРЕА)
Напуштање на собите, слободно време за шопинг и релаксација. Упатување со траект кон пристаништето Пиреа. Ноќно возење преку Грција и Македонија со попатни паузи.
10.ДЕН (СКОПЈЕ )
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

Сместување Тип на соба 11.07.2019 – 19.07.2019 18.07.2019 – 26.07.2019 25.07.2019 - 02.08.2019 01.08.2019 - 09.08.2019
SPYROS
1 / 2 239€ 249€ 249€ 239€
1 / 3 229€ 239€ 239€ 229€
1 / 4 209€ 229€ 229€ 209€
NEFELI
1 / 3 229€ 239€ 239€ 229€
1 / 4 209€ 229€ 229€ 209€

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Комплетна организација и пратител на патувањето
• 7 ноќевања во одбраното сместување
• Превоз со модерни туристички автобуси (КЛИМА, ТОАЛЕТ, ТВ, ВИДЕО)


ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Факултативни излети
• ЗАДОЛЖИТЕЛНО Патничко и здравствено осигурување – 350 денари
• Повратен билет за траект на релација Пиреа – ИОС – Пиреа 3750 денари (кој се доплаќа во агенција)

 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top