РАСПРОДАДЕНО 1/2, 1/3 СОБИ

Кефалонија е најголемиот остров на Јонското море и се наоѓа јужно од Лефкада а северно од Закинтос. Островот е претежно планински на запад а со прекрасни плажи на исток. Кефалонија е најелитното Јонско летувалиште со модерни хотели и луксузни вили. Комплетното летно уживање го овозможуваат традиционалните грчки села, винските подруми, таверните и кристалното бистро Јонско море.

Вила Кики располага со двокреветни студиа и четирикреветни апартмани. Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса. Вилата се наоѓа на 200 метри од центарот на градот, 20 метри од морето и 250 метри од градската плажа.

 

kiki studios 6 150x150kiki2 kiki6 kiki4   kiki3       

Вила Алекос располага со двокреветни и трокреветни студија и еден петокреветен апартман.
Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса.Вилата се наоѓа на 50 метри од центарот на градот и 150 метри од градската плажа.

Вила Астир располага со двокреветни студија. Сите соби имаат клима (доплата на лице место), кујна и тераса.

Се наоѓа на 100 метри од центарот на градот и на 10 метри од море.

Датум на поаѓање Почеток на аранжманот Крај на аранжманот 1/5 1/4 1/3 1/2
07.07.2018 08.07.2018 17.07.2018 ПРОМО 185€ * ПРОМО 195€ * ПРОМО 205€ * ПРОМО 225€ *
16.07.2018 17.07.2018 26.07.2018 215€ 225€ РАСПРОДАДЕНО   РАСПРОДАДЕНО
25.07.2018 26.07.2018 04.08.2018 215€ 225€ РАСПРОДАДЕНО РАСПРОДАДЕНО
03.08.2018 04.08.2018 13.08.2018 205€ 215€  РАСПРОДАДЕНО  РАСПРОДАДЕНО
12.08.2018 13.08.2018 22.08.2018 195€ 205€ 215€ 235€
21.08.2018 22.08.2018 31.08.2018 ПРОМО 185€ * ПРОМО 195€ * ПРОМО 205€ * ПРОМО 225€ *

Цената на аранжманот вклучува:
Сместување на база 9 ноќевање на Кефалонија/Порос
Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
Превоз со брод на релација Килини – Порос – Килини
Организиран целодневен излет до плажата Скала
Организација на аранжманот и пратител на групатa

Цената на аранжманот не вклучува:
Факултативни излети
Задолжително туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, се плаќа во агенција)
Индивидуални трошоци
Патничко и здравствено осигурување

Напомена:
За патниците кои не користат превоз од агенцијата цената се намалува 30 евра.
Наведените цени од табелата се однесуваат за поаѓање од Скопје и  Велес
Цените одбележани со * не подлежат на попуст за рана резервација.

Поаѓање од Скопје18:00 часот. (состанок со група 30 минути порано

Поаѓање од Велес 18.45 БП Мак Оил мотел Македонија

Напуштање на собите е во 10:00 часот.

Враќање од Кефалонија/Порос е предвидено во попладневните часови.

 

ПЛАЖИ НА КЕФАЛОНИЈА

Плажа Миртос

Најубава плажа на островот е познатата Myrthos Beach која се наоѓа на Северозападниот дел на Кефалонија, која е заштитен знак на островот. Плажата е 12 пати прогласувана за најубава плажа во Грција. Оваа плажа е со бели камчиња и токму заради тоа бојата на морето е сина како на сликовница, оваа плажа многу наликува на плажите на Лефкада.

Плажа Антисамос

Антисамос плажата е втората плажа по убавина после Миртос. На самата плажа е сместен манастирот Агрилион, од каде погледот остава без здив. Белиот песок и ситните бели камчиња ја прават волшебна.

Xi Orange Beach – Портокалова плажа

Се наоѓа на 40 км од главниот град на Кефалонија.
Оваа плажа е посебно интересна за посетителите заради портокаловата бојата на песокот, која што се добива од чудната комбинација на бојата на песокот со сончевите зраци.
Тука можете да уживате во некој од многуте барови и да се напиете некој освежителен коктел

Крстарење по Островот Итака

Островот Итака се наоѓа на североисток од Кефалонија и е еден од 7 те Јонски остови со површина од 120 км2.
Според легендите Итака е родното место на Одисеј. Овде се пронајдени остатоци од куќа од осмиот век пред нашата ера што е период во кој се верува дека Одисеј живеел како крал на Итака.
Во последните години грчките медиуми изјавуваат дека ќе го претворат овој остров во мало “Монако” со супер луксузни хотели, вили, терен за голф, пристаниште за 200 јахти и целосно опремена туристичка населба.
Овој остров ќе ве воодушеви со прекрасното тиркизно море.

Главниот град на Кефалонија – Аргостоли
Аристоли е главниот град на Кефалонија и е сместен на едниот крај од заливот, а со другата страна на заливот е поврзан со преубавиот камен мост кој е заштитен знак на Островот.
Овој мост е еднинствениот кој го преживеал земјотресот од 1953 година кога цел град бил срамнет со земја.
Во овој град ќе можете да посетите некој од поголемиот број на кафичи, ресторани, таверни, сувенирници и да прошетате по преубаво уреденото шеталиште покрај самото море, кое е исто така заштитен знак на овој преубав град.

Пештерата Мелисани со подземното езеро
На источниот брег на Кефалонија, во близина на градот се наоѓа и неверојатната пештера Мелисани и истоименото живописно подземно езеро.
Ова место со право се смета за едно од најубавите природни знаменитости на Грција. Да ја посетите Кефалонија а да не го посетите ова чудо на природата е навистина жално.

Плажа Скала
Кристално чиста вода, вегетација која расте речиси на плажата која е долга преку 3км. Ова се само неколку причини поради кои Скала е еден од најважните туристички центри на Кефалонија. Ова е идеална плажа за вистински да се одморите со книга или пиво во рака

 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.30

Сабота 09.00 - 13.30

Top