fbpx

ЗАКИНТОС е трет по големина, од седумте поголеми јонски острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови, се наоѓа во јужниот дел на Јонското море. Широките песочни плажи со егзотични заливи и 123 км долга обала, со години овој остров ги превлекува туристите. Закинтос е најпознат по големите морски желки наречени “CARETTA CARETTA” кои на Закинтос се заштитен вид бидејќи таму се размножуваат.
ЛАГАНАС се наоѓа на јужниот дел на островот одалечен 8 км од градот Закинтос и 7 км од аеродромот. Својата најголема популарност ја должи на преубавите песочни плажи и на лудиот ноќен живот. Предноста на Лаганас е што ја има една најубавите песочни плажи долга 5 км. Целата област е позната по големиот број ноќни клубови и барови. Ова не е местото кое го посакувате да го посетите доколку сакате мирен одмор.

Andreas Studios 2*

Се наоѓа на Каламаки улицата на 500 метри од плажата и на 300 метри од главната улица. Се наоѓа во близина на хотелот Икарос. Сите соби имаат тераса, кујна и купатило, а опремени се со фрижидер и клима уред (со доплата на лице место)

9  Ноќевања

1 / 3

1 / 3

ПРОМО ЦЕНА

1 / 2

1 / 2

ПРОМО ЦЕНА

10.07-21.07

232

219

244

229

19.07-30.07

255

239

267

249

28.07-08.08

255

239

267

249

06.08-17.08

255

239

267

249

15.08-26.08

232

219

244

229

24.08-04.09

220

209

232

219

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

• Сместување на база 9 ноќевање во 1/2 и 1/3 соби
• Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Лаганас– Скопје
• Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

• Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 
• Превоз со брод на релација Килини – Закинтос – Килини 25евра
• Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2* – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) –се плаќа во агенција
• PCR тест (доколку не сте вакцинирани)
• Факултативни излети
• Индивидуални трошоци.

ПЛАН И ПРОГРАМА
Разлгед на најубавите плажи на островот

Според легендата, старогрчките богови Аполон и Артемид, поради благата клима, преубавите плажи, кристално чисто море и мигичните заоѓања на сонцето го имаат избрано токму овој остров за одмор. Ќе Ве очекуваат целодневни излети на најубавите плажи на островот, Sv Nikolas и плажата Banana. Песочни плажи, во чија непосредна близина има и неколку барови, таверно и ресторани во кој ќе може да се одморите и освежите.

ПЛАЖА BANANA
Најголемата плажа на островот, која е препознатлива по своето егзотично, небесно плаво море. Не очекува незаборавен ден на оваа плажа, каде што ќе уживате во сонцето, морето и одличната забава на плажа. Стотината млади од Balkan Fun на едно место ќе Ви направат овој излет незаборавен…
ПЛАЖА Sv.NIKOLA
Ова е една од најубавите плажи на островот, која покрај својата убавина нуди и доста beach барови, таверни и ресторани во кој ќе може да се одморите и освежите. Цел ден ќе поминеме на оваа плажа и ќе ги наполниме батериите за остатокот од летувањето.

РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ ЗАНТЕ
Ова е еден од најубавите градови на Јонското море, се наоѓа во заливот од југоисточната страна од островот, во подножјето на брдото Бохали. Градот има прекрсасни градби, цркви и плоштади, својот денешен изглед го формирал после 1953. година, кога најголем дел од градот бил уништен од големиот пожар и земјотрес.
Еден од најитересните делови е Соломоновиот плоштад, најголем на островот, на кој се наоѓа и црквата St. Nicolаs on the mole, единствена градба од венецијанската епоха која го преживеала големиот пожар и земјотрес. На падините над градот се наоѓа и споменикот на Соломос, кој е роден на овој остров, а во непосредна близина се наоѓаат и остатоците од некогашниот замок.
Сигурно најубавото место од островот е брдото Бохали, од каде имате прекрасна панорама и поглед на градот и целиот остров. Не очекува целодневен разглед на градот и слободно време за индивидуални активности. Голем е бројот на ресторани, кафичи и афтентични таверни во кој може да пробате некои од локалните специјалитети и да се освежите.

КРСТАРЕЊЕ СО БРОД-плажа Navajo
Navajo плажата со сигурност е една од најубавите грчки плажи, до која може да се стигне единствено со брод. Ќе уживате во неверојатните пејсажи и преубавата природа на островот додека пловите со бродот. Ќе ги видиме Silvi, Alikes, неверојатните и преубави Плави Пештери и Navajo плажата, симболот на Закинтос која се наоѓа на сите каталози и разгледници од островот.
Бојата на водата, песокот, заливот и карпите која ја опкружуваат, заедно со стариот брод е нешто што сакате да го доживеете додека сте на островот. Ќе направите прекрасни фотографии на ова место. Во текот на целодневното крстарење повеќе пати ќе застануваме заради бањање и сликање.

ЖУРКА НА БРОД
Спремете се за единствената журка на брод. После влегувањето на бродот започнуваат незаборавни неколку саати добра забава и бањање по преубавите заливи и скриени плажи. Сонцето, стотината млади и најдобрите музички хитови ќе направат одлична атмосфера и провод за памтење. Ова е дефинитивно еден од најубавите факултативни излети кој не смеете да го пропуштите…

Напомена:
• За патниците кои не користат превоз од агенцијата цената не се намалува
• Напуштање на собите е во 09:00 часот (локално време)

Прочитано 790 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • Viber & WhatsApp 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2022

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.00

Top