Paradise studios (дел од хотелот Koviou Holiday Village) се наоѓа на околу 300 м.  од најубавата плажа на Ситониа, Koviou. Располага со 1/2 и 1/3 соби и студиа како и со 1/4 апартмани на приземје, прв и втор спрат со поглед на прекрасната градина во дворот, а дел имаат и страничен поглед кон морето и истите имаат комплетно опремени кујни, сопствени тоалети, ТВ, клима уред (вклучена во цена) како и WiFi интернет. Пространиот двор од 5000м2 кој е богат со зеленило и хортикултурно уредување ќе го направат престојот на гостите пријатен и релаксирачки. На гостите во Paradise studios на располагање се сите содржини од хотелот Koviou Holiday Village како: користење на базенот, бесплатни лежалки и чадори на базен, бар на базен, отворено кино, вечерни забави, анимација на деца, како и  WiFi интернет во сите простории на хотелот.

 

15% попуст за целосна уплата до 30.04.2018

термин: 27.05 - 139€ по лице, пакет аранжман

„Paradise studios“ –Никити
Период ПП Цена по лице во еко соба ценaпо лице за студиа и апп.
27.05-03.06.18 7 159 179
03.06-10.06.18 7 189 209
10.06-17.06.18 7 209 229
17.06-24.06.18 7 249 269
24.06-01.07.18 7 259 279
01.07-08.07.18 7 299 309
08.07-15.07.18 7 309 329
15.07-22.07.18 7 339 359
22.07-29.07.18 7 339 359
29.07-05.08.18 7 339 359
05.08-12.08.18 7 339 359
12.08-19.08.18 7 339 359
19.08-26.08.18 7 309 329
26.08-02.09.18 7 279 299
02.09-09.09.18 7 239 259
09.09-16.09.18 7 199 219
16.09-23.09.18 7 179 199
23.09-30.09.18 7 149 169

 

*ПП - Полупансион : (во ресторанот на хотелот Koviou Holiday Village)
- Појадок 08:00-10:00ч. на база шведска маса
- Вечера 19:00-21:00ч. на база шведска маса


Напомена:

- Цените се дадени по лице и се однесуваат за услуга Полупансион за број на ноќевања дадени во табелата
- Прво и второ дете од 0 до 13,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО (во соби и апартмани со соодветен капацитет)
- Прво и второ дете од 14-15,99 г. со двајца возрасни на редовно легло плаќаат по 30% од цената во табелата (во соби и апартмани со соодветен капацитет)
- Трет и четврт возрасен над 16 години, плаќаат по 50% од цената во табелата (во 4 креветни апартмани)
- Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот
- Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на објектот
- Сместување во собите е после 14 часот по локално време, а напуштање на апартманите е до 10 часот по локално време
- За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме попуст од 10% на вториот аранжман (не се комбинира)
- Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

Цената на превозот на релација Скопје – Велес - Халкидики – Велес- Скопје изнесува:
• возрасни: 35 €
• деца од 2 до 12 години: 20 €
• деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште)

Агенцијата оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

 

  • Локација:
Прочитано 1919 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.30

Сабота 09.00 - 13.30

Top