fbpx

Вила Теа се наоѓа на самата магистрала во центарот на Калитеа, веднаш до подвозникот кој води до плажа, до малата црква и паркот видиковец. До плажа има 200м пешачење. Вилата се состои само од 2+1 студија и две трокреветни студија. Сите нејзини соби гледаат кон море и се лоцирани на приземје или прв спрат, без разлика на тоа на кој спрат се, сите имаат ист поглед. Паркинг е дозволен пред самата вила но не е препорачливо, на 30м од вилата има паркинг на самата улица и е бесплатен.
Наспроти вилата има, продавници, ресторани, гиро, голем маркет Мазутис, фурна, продавници за сувенири, бунди, бижутерии и летна опрема.
Студијата 2+1 имаат капацитет за 2 возрасни лица + 1 дете, и одредени соби можат да примат 3 возрасни лица, но да се има во предвид дека спaлното легло е со помали мерки. Студијата располагаат со едноспално легло со помали мерки на кој би спиеле возрасен и дете и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон со поглед на море, клима без доплата, ТВ и wi-fi.
Трокреветните студија имаат 3 легла, т.е едно поголемо во мерки од стандардно 90см легло, и две стандардни легла, капацитетот на овие студија е 3 возрасни лица или 2 возрасни со 2 деца од кој едното спие со родител на поголемото легло, балкон со поглед на море, сопствен тоалет, мини кујна со прибор за готвење и јадење, плазма тв, клима и wi-fi.

-20% FIRST MINUTE ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 19.12.2018
-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 31.01.2019
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 28.02.2019
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 01.05.2019

 

Период Ноќевања Наем 2+1 Наем 3+1
19.05-26.05.19* 7 79 89
26.05-02.06.19* 7 99 119
02.06-09.06.19 7 129 169
09.06-16.06.19 7 219 239
16.06-23.06.19 7 279 289
23.06-30.06.19 7 299 319
30.06-07.07.19 7 329 1339
07.07-14.07.19 7 369 389
14.07-21.07.19 7 379 399
21.07-28.07.19 7 409 429
28.07-04.08.19 7 409 429
04.08-11.08.19 7 409 429
11.08-18.08.19 7 409 429
18.08-25.08.19 7 369 389
25.08-01.09.19 7 329 359
01.09-08.09.19 7 259 269
08.09-15.09.19 7 219 239
15.09-22.09.19 7 149 169
22.09-29.09.19* 7 79 89

 

Цените се однесуваат за наем на студио/апартман, за 7 ноќевања без превоз
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)
На термините означени со ѕвезда (*) не следува попуст.
Клима уредот е вклучен во цената

Доплата за превоз возрасни 35 €; за деца од 2 до 12год, 25 €

ПОПУСТИ и ДОПЛАТИ

- За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме дополнителен 7% попуст
- попустите не може да се комбинираат
- Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
- Превозот ги остава патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
- Важат Општите услови на СКТМ

ПРЕВОЗ СО КОНЕКЦИЈА ОД СЛЕДНИТЕ ГРАДОВИ

Време и место на поаѓање (секоја недела )

03:40 ч Штип (паркинг пред пошта) - Трансфер до Велес со доплата 5 €
05:00 ч Струмица ( бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) - Трансфер до Удовo со доплата 5 €
04:00 ч Скопје (Дрводекор)
04:30 ч Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
05:00 ч Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
05:40 ч Удово (бензинска пумпа, Удово)
06:00 ч Граничен премин(бензинска пумпа Шимов)
04:00 ч Битола ( Пред спортска Сала ) 30 €
03:15 ч Прилеп (бензинска пумпа Салида) - Трансфер до Битола 30 €
02.15 ч Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола
02:45 ч Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) - Трансфер до Битола
02:30 ч Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) - Трансфер до Битола
03.15 ч Ресен (спроти автобуска станица) - Трансфер до Битола 30 €

Поаѓање од Грција:

15:15 ч локално време, ( 14:15 h мак.време) Неа Потидеа
15:00 ч локално време, ( 14:00 h мак.време) Калитеа
14:45 ч локално време, ( 13:45 h мак.време) Полихроно
14:30 ч локално време, ( 13:30 h мак.време) Ханиоти
14:15 ч локално време, ( 13:15 h мак.време) Пефкохори

 

  • Локација:
Прочитано 10811 пати
Тагови:

Поврзани понуди

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top