fbpx
 
Хотелот „Торонеос“ се наоѓа на влезот на Никити. Од првата, мала, неорганизирана плажа е оддалечен околу 150 метри. Официјално е рангиран со 2* и е постар, изграден во медитерански стил. Собите содржат: фрижидер, сопствен тоалет, ТВ, клима (вклучена во цената), бесплатен интернет, тераса. Има голем, убав двор, базен и сопствен паркинг.
 
 За целосна уплата до 31.12.2018
 15% ПОПУСТ!
 
Термин Полупансиони Цена по лице во 1/3 Цена по лице во 1/4
2/6-12/6 10 199 219
12/6-21/6 9 229 249
21/6-30/6 9 249 269
30/6-9/7 9 279 299
9/7-18/7 9 329 349
18/7-27/7 9 389 455
27/7-5/8 9 389 455
5/8-14/8 9 389 455
14/8-23/8 9 359 425
23/8-1/9 9 329 365
1/9-11/9 10 279 299
11/9-21/9 10 259 279
21/9-1/10 10 229 249
 
Доплата за туристичка такса во Р.Грција, 1,50 € по соба на ден (се доплаќа во објектот).
Напомени и услови:
-Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд. Истите се цени по лице, за 9 или 10 полупансиони (појадок и вечера) шведска маса.
 
Услови за сместување:
Дете до 11,99 години бесплатно.
Трето и четврто лице имаат 75% попуст.
 
Доплата за превоз:
За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра) 
Деца до 2 години бесплатно, без седиште.
Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Поаѓање од Велес во 3.40ч(б.п. Макоил, кај мотел Македонија).
Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
 
За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
 
Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
 
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман.
 
Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.
Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 
Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашата агенција. 
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите.
Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата.  
За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ.
Прочитано 1074 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top