fbpx

ВИЛА МИХАЛИС
Вилата се наоѓа на само 2 мин. од песочната плажа во Лептокарија. Располага со убаво уредени двокреветни трокреветни и четворокреветни студиа. Сите студиа се опремени со бања, комплетна кујна, ТВ, клима уред (не е вклучен во цена, 5 еур на ден), тераса.

-15% ПОПУСТ ДО 31.01.2019

Период 28.05 6.06 15.06 24.06 3.07 12.07 21.07 30.07 8.08 17.08 26.08 4.09 13.09
Ноќевања 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9
1/2 & 1/3 99€ 149€ 189€ 219€ 259€ 279€ 279€ 279€ 279€ 259€ 239€ 209€ 169€

 

НАПОМЕНА

Цените се дадени по лице за 7 и 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз.
За пакет аранжман од 9 ноќи со сопствен превоз се одбива 15 еур од вкупната цена по лице.
Задолжително здравствено и патничко осигурување
За користење сопствен превоз, попустот за рана резервација се намалува за 5%

Трето и четврто лице во АПП бесплатно сместување, плаќаат само превоз
Цена за превоз за дете од 2-11.99 год.- 25 еур / 1.545 мкд
Цена за превоз за возрасен 35 еур/ 2.163 мкд
Вила Михалис и Вила Манос: доплата за клима 5 еур по соба на ден
Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 по локално време, а се напуштаат во 09:00 по локално време последниот ден!
За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости, сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците!
Поаѓање од Скопје од Автобуска Станица во 06:00 часот• Поаѓање од Велес 06.45 БП Макоил мотел Македонија. Враќање последниот ден во попладневните часови!

ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ
Состанок на групата 30 минути пред поаѓање на Главна Автобуска станица Скопје (перон 1 или 2)"
Патување за наведената дестинација преку Граничен премин Богородица (Гевгелија)
Пристигнување и сместување во одбраните капацитети
Денови на престој (7 или 9)
Поаѓање кон Македонија во попладневните часови
Пристигнување во вечерните часови на Главна Автобуска Станица Скопје

ОПШТИ УСЛОВИ
За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) и бел лист (виза не е потребна); не се потребни посебни вакцини."
За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
За резервации направени на EARLY BOOKING, целосна уплата до наведениот датум
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла т.е исклучиво оние лица кои се впишани на ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување повеќе лица од дозволеното, агенцијата или партнерот на истата има право да не ги смести лицата или да побара одреден финансиски надомест.
За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости
Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците. Сопствениците на вилите имаат право да побараат одреден паричен надомест за причинетата штета. При сместување ЗАДОЛЖИТЕЛНА проверка на состојбата на собите!
Агенцијата организира превоз со придружник - пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување/паркирање на автобусот
Агенцијата/претставникот не се задолжени за транспорт на багажот на патниците од автобус - сместувачки капацитет
Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на брзина на интернет во било кој од наведените сместувачки капацитети во понудата"
Доплата на туристичка такса во сместувачките капацитети (0.5 - 3 еур по соба на ден)
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute! Претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на било какви промени во цената"
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ побарајте ги во агенцијата.
Цените се дадени по лице во евра, плаќањето е во денари 

Прочитано 637 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top