fbpx

Куќата е оддалечена околу 180 метри од прекрасната плажа во Порто Куфо. Сите студија се двокреветни и се на приземје. Имаат комплетно опремена кунна, ТВ, интернет, клима, тераса. Куќата има убав, голем двор, а околу него има (ограничен) простор за паркинг.
 

 
 20% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА ДО 01.12.2018
 
Термин Ноќевања Двокреветно студио
26/5-2/6 7 170
2/6-12/6 10 295
12/6-21/6 9 340
21/6-30/6 9 295
30/6-9/7 9 340
9/7-18/7 9 395
18/7-27/7 9 445
27/7-5/8 9 475
5/8-14/8 9 475
14/8-23/8 9 475
23/8-1/9 9 455
1/9-11/9 10 395
11/9-21/9 10 295
21/9-1/10 10 170

Напомени и услови:
Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.
 
Истите се за наем на цело студио или апартман, за број на ноќевања кој е запишан во табелата.
 
Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
 
За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 
Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.
 
Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра) 
Деца до 2 години бесплатно, без седиште
Поаѓање од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Поаќање од Велес 03.45 БП МАКОИЛ кај мотел Македонија.
 
Враќање од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
 
Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии. 
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
 
Туристичката агенција организатор има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.
 
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, а ние ги објавуваме информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.
Организаторот не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
 
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
 
Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенција и на самата агенција. 
За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ.

 

Прочитано 224 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top