fbpx
Вила СЕНТ ЏОРЏ се наоѓа во новиот дел на Неи Пори на 200 метри од плажата и е оддалечена 5 минути одење до центарот. На само неколку минути до вилата морето е доста плитко и токму поради тоа Неи Пори е идеално место за фамилијарен одмор со деца, каде што ќе бидете потполно безгрижни, додека вашите најмлади задоволно играат во песокта и во морето.
 
Во нашата понуда за вила Сент Џорџ имаме двокреветни и трокреветни студија распоредени на прв, втор и трет кат.  Сите студија се комплетно опремени со кујни (електричен шпорет без рерна, фрижидер, прибор за јадење), тоалет, пространи балкони, телевизор и клима уред, за кој доколку се користи, се доплаќа по 5 евра на ден. Пред самата вила има место за паркинг на сопствени возила.
 
-10% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 15-ти АПРИЛ
 
Sent George cenovnik 2019
 

Цените во табелите се изразени за пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум две лица во студио или четири лица во дуплекс апартман.
Цените се изразени во евра, а плаќањето е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 денари)
Сместување на трето и четврто лице во студио и во фамилијарен апартман задолжително плаќа 30 евра
Само превоз на наведените датуми за возрасни е 30 евра, а за деца до 12 години е 20 евра
За користење на сопствен превоз се одбива 10 евра од цените во табелата
Цените во табелата обележани со * не се одбива превозот и не важи попустот
За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата. Во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот
Доплата за туристичка такса за 1/2 и 1/3 студио е 0,5 евра по ден (се плаќа во објектот)
Доплата за туристичка такса за 1/4 и 1/6 апартман е 1 евро по ден (се плаќа во објектот)
Доплата за користење на клима уред е 5 евра на ден.


БУС 1 – Автобуски превоз според термини од табелата

05:00 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара)
06:00 часот тргнување од Скопје (паркинг спроти Саемот хотел ВИП)
06:45 часот тргнување од Велес (Бензинска пумпа Мак Оил Мотел Македонија)
07:30 часот тргнување од Кавадарци (Автобуска станица)
08:30 часот Граничен премин Богородица

БУС 2 – Автобуски превоз според термини од табелата

05:30 часот тргнување од Прилеп (Бензинска ЛУКОИЛ), трансфер со минибус до Битола или Кавадарци;
06:30 часот тргнување од Битола (Паркинг Спортска Сала);
07:00 часот граничен премин Меџитлија

Поаѓање од Грција во 14:15 часот по локално време.

НАПОМЕНИ: Собите се преземаат во 13,00 часот на денот на пристигнување, а се напуштаат во 9,00 часот на денот на заминување по локално време;

Задолжително патничко – здравствено осигурување;

За реализација на овој аранжман важат општите услови на патување

Информации и резервации 043 231 221

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.



Прочитано 7044 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top