fbpx

Како да изгледате добро додека патувате

Авионите, возовите, автобусите, временските и температурните разлики не се пријатели на нашата кожа. А тука се и новите услови, нечистотијата... Што треба да направите за да изгледате добро додека патувате?

Да, најлесно би било кога би го сокриле половина лице зад очилата за сонце и кога на главата би ставиле шешир, но пред да одлучите така да се камуфлирате, прочитајте неколку едноставни совети. Еве што вели докторката Џесика Ву, познат дерматолог од Холивуд, за тоа како да останете шик и додека патувате.

Докторката советува дека за време на подолго патување треба да се пие многу вода, а да се избегнува алкохолот и кофеинот.

Што се однесува на кремата за лице и шминката, таа тврди дека е подобро да не се нанесува тешка течна пудра, особено ако патувате со авион.

Подобро е, по седнувањето, на лицето да нанесете хидратантен крем, а доколку летот трае долго, потребно е кремот да се нанесува повеќе пати, бидејќи воздухот во авион е многу сув.

За да ги избегнете „крвавите очи“, за време на патувањето треба да избегнувате да конзумирате солена храна, како што се сендвичите, солените кикирики, чипс...

Нечистотијата на кожата може да биде голем проблем и затоа е најважно да ја заштитите кожата на лицето, која е најчувствителна. За тоа најдобри се хидратантните креми кои ќе ја нахранат кожата, а ќе послужат и како заштитна бариера.

Не заборавајте со себе да понесете и крема со заштитен фактор, во случај кожата да ви биде изложена на сонце, како и препарати за чистење на лицето.

Прочитано 2093 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top