fbpx

ЛЕТО ТУРЦИЈА

Драги туристи и почитувани авантуристи САМА Холидеј Ве повикува во ново свежо лето 2018-то.


ТУРЦИЈА е како салон за убавина. Златно-сјајната вода и волшебно ситниот песок се нејзини природни препарати. Огледајте се во некоја од безбројните солени проѕирни капки и ќе се уверите во резултатот... Засладете се со меки шербетни десерти, напијте се чајче, уживајте во снежно белата пена од базенот на Клеопатра и десетина дена оддалечете се од секојдневието!

Кушадаси

Некогаш малото рибарско место Кушадаси (Островот на птиците), денес претставува еден од најизградените туристички центри на Егејскиот Брег. Топлата гостопримливост. големиот избор на хотели, богатиот и забавен ноќен живот го прават Кушадаси една од најпосакуваните дестинации за одмор. Благата медитеранска клима, за време на летните месеци, Ви нуди можност за релаксиран одмор за време на големите летни горештини. Неговите плажи: гратската, женската и долгата плажа, го олеснуваат вашиот избор за место под сонцето. Изобилството на ресторани, кафетерии, дискотеки, продавници како и двата водени паркови во близината на градот од кои едниот е еден од најголемите во светот, ви гарантираат незаборавен летен одмор.


Кемер

Исклучиво пријатна клима, природно зеленило, кристално чисто море, преубави плажи, голем избор на дневни и вечерни содржини го прават Кемер и неговата околина привлечен за сите посетители. Во Кемер се наоѓа прекрасната плажа која со гордост го носи знакот ‘’Плаво знаме’’, кој го доделуваат ОН за чистота на плажите и зачувување на природата.


Едно од најголемите пристаништа на Средоземјето, милионски град во кој веднаш ќе забележите контрасти. Од една страна модерен град со луксузна градба, луксузни продавници и широки булевари, а од друга страна, дел од градот околу старото пристаниште кој се уште живее во некое старо време. Модерна метропола со врвни хотели и познати плажи ‘’Коњалти’’ и ‘’Лара ’’. Познати шопинг центри, град кој нуди многубројни можности за забава и шопинг.Анталија


Комплетна понуда лето 2017 Турција кликнете >>>

Прочитано 2263 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top