fbpx

ЗАКИНТОС

Закинтос (грчки: Ζάκυνθος), исто така наречен Занте (неговото италијанско име), е третиот најголем остров во Јонското Море, лоциран на западното крајбрежје на Грција. Островот го добил своето име според Закинтос, синот на легендарниот аркадиски владетел Дарданос.

Додека островите Иос и Кос се поврзуваат со добра забава, а Родос и Крит за семејните одмори, Закинтос е нешто помеѓу. Поголемиот дел од плажите, градовите итн. се лоцирани на јужниот и источниот брег, додека западниот и северниот е претежно планински, често со карпи кои се спуштаат стотици метри во длабочините на морето.


Агиос Николаос - (североисток) иако ова селце има само мал број на жители, тоа е второто најважно пристаниште на Закинтос каде се укотвуваат бротчињата кои доаѓаат од Кефалонија. Самиот залив е заштитен од високи планини и има многу ресторани покрај локалната крајбрежната станица со поглед кон морето. Бротчињата кои ги водат турите до Сините пештери тргнуваат од овде и иако ова е мирно место во одредени делови од денот се полни со туристи кои тука стигнуваат со траектите од и до Кефалонија.Градови и села
Закинтос - главниот град, се наоѓа на источниот брег. Ова е единствено место на островот каде во екот на туристичката сезона има повеќе мештани отколку туристи. Поголемиот дел од островската популација која брои околу 35.000 жители живее токму во овој град. Во градот постојат мноштво хотели околу пристаништето, но плажата тука е многу мала и карпеста, па најчесто Закинтос не се наоѓа на туристичката понуда на агенциите, туку соседните градови. Градот е културен центар на островот со голем број импресивни музеи, а еден од најпопуларните е Музејот на византиската уметност.

Аликес и Аликанас - блиско поврзани семејни одморалишта на источниот брег северно од Тсиливи.

Аргаси - гратче на полустровот Василикос одалечено неколку километри јужно од Закинтос. Има помали плажи и се состои од неколку улици со хотели. Тука ќе најдете барови и клубови, но не премногу. Вистинската забава е во Лаганас.

Каламаки - лоциран источно од Лаганас. Иако е одморалиште со многу посетители за разлика од Лаганас кој е препознатлив по бурниот ноќен живот, Каламаки е посоодветен за семеен одмор. Повеќето од зградите и продавниците се лоцирани на главниот пат кој го поврзува одморалиштето со аеродромот и Лаганас. Како и во Лаганас, и во Калмаки има многу долга плажа која се протега повеќе километри во јужниот дел на островот.

Кери - Всушност има три дела од Кери. Плажата со камчиња и крајбрежјето Лимниоу Кери, самото село Кери во планините и понатаму на запад светилникот од Кери кој е познат кај туристите што сакаат да уживаат во зајдисонцето.

Лаганас - Ова е главниот град за забава на островот. Главната улица се состои речиси во целост со ноќни клубови, барови и ресторани за брза храна. Лаганас е популарна дестинација за помладите посетители и оние на 18-30 годишна возраст. На самата плажа има добри барови и ресторани по целата нејзина должина.

Тсиливи - семејно одморалиште лоцирано на север од главниот град на Закинтос. Има неколку ноќни барови и клубови во близина, но во суштина е семејно одморалиште со сите вообичаени хотели, супермаркети, ресторани итн. Има многу широка и долга песочна плажа каде може да се спортува на вода.

Василикос - тивко село на југоисточниот дел на полуостровот Василикос. Нема некои поголеми хотели, туку само апартмани и вили покрај рестораните и таверните. Василикос е повеќе место за мирен и тивок одмор. Нема ноќни клубови и друга забава од ваков тип. Во оваа област се и плажите каде желките положуваат јајца - Геракас и Дафниа. Малку на север е Агиос Николаос (не треба да се помеша со другиот Агиос Николаос кој се наоѓа на север) каде има многу водени спортови, курсеви за почетничко нуркање и повеќе забава.


Во градот Закинтос само три згради беа поштедени од земјотресите: катедралата на Св. Дионис, зградата на Националната банка и црквата Св. Никола. При повторната изградба на островот во голема мера се водело сметка за анти-сеизмичкиот код, што помогна Закинтос да „преживее“ уште неколку повремени и многу јаки земјотреси, од кои еден се случи во 2005, но без поголеми оштетувања. Денес туризмот е најважниот извор на заработка и Закинтос е една од најпопуларните туристички дестинации во Грција.Историја
Археолошките ископувања покажале дека островот Закинтос бил населен уште од Неолитот. Островот за прв пат се споменува од страна на грчкиот поет Хомер. Во неговите ремек дела, Илијада и Одисеја, тој вели дека првите жители на Закинтос биле синот на кралот Дарданос, Закинтос (според кој е и наречен островот) од Троја и неговите луѓе кои се населиле тука околу 1.500-1.600 година п.н.е. Низ годините островот бил освоен од кралот Аркеисиос од Кефалонија, а после него од Улис од Итака. Подоцна во Закинтос се родила првата независна демократија во Хеленистичкиот период која траела повеќе од 650 години. Во летото 1953 година, Закинтос бил погоден од два големи земјотреси, што доведе до целосно уништување на инфраструктурата на островот и поголемиот дел од архивата на државата. Најсилниот од земјотресите чија јачина била регистрирана на 7,6 на Рихтеровата скала се случил на 12 август 1953, а бил почувствуван во речиси целата земја.


Јазик
Национален јазик е секако грчкиот, но поголем број од жителите исто така зборуваат и англиски (можеби заради фактот што британските туристи се најчести на островот). Германскиот јазик исто така се зборува често, а италијанскиот е исто така добро застапен, особено во северните делови од островот.


Превоз
Автомобил - Закинтос е остров со планински села и скриени заливи кои чекаат да бидат откриени од туристите, затоа вреди да се изнајми автомобил, иако треба да бидете претпазливи на планинските патишта. Помалите патишта може да имаат дупки, додека главните се некогаш лизгави. Внимавајте на другите возачи и скутерите. Патните знаци се на англиски и грчки, но има и места каде тие се само на грчки јазик.

Мотор - Доколку изнајмувате мотор, земете нешто посилно од 50 кубици, поради ридестите предели. Задолжително земете кацига.

Јавен транспорт - На Закинтос може да се возите и со јавниот транспорт, но автобуските линии не се секогаш редовни. Таксито нема да ве чини скапо.

Велосипед - Островот може да го прошетате и со изнајмен велосипед, но овој начин не е практичен доколку сакате да одите во северниот дел. Задолжително земете кацига.


Места кои треба да се посетат
Закинтос, заради благата и влажна клима, е раскошен остров. Венецијанците (кои владееле со него) го нарекле Il fiore del Levante или „Цвет на Ориентот“. Март и мај се најубавите месеци за престој на овој остров, тогаш туристите се малубројни, се одржува Велигденската парада, а природата со милион разнобојни цвеќиња и раскошни зелени ридови е спектакуларна. Закинтос, како и соседната Кефалонија, настрада во голема мера во земјотресот во 1953 и затоа поголем дел од прекрасната венцијанска архитектура за жал беше уништена. Сè уште постојат рушевини од архитектурата која потекнува од овој венецијански период на островот. Главниот град иако беше повторно изграден малку наликува на венецијанскиот плоштад Свети Марко и вреди да се посети. Убавината на белите гребени кои се спуштаат до азурното море треба да се види за да се поверува во неа, а водата е прекрасно чиста и ќе треба да изнајмите бротче за да уживате во неа.


Источно од 'ртот Скинари, на северниот дел од островот, се наоѓаат Сините пештери. Серија од геолошки формации го создаваат ваквиот пејзаж. Природните сводови кои се влез во пештерите се дело на ерозијата, но овие пештери се најпознати по азурната боја на водата која е најубава наутро кога светлото е најсилно, па оттаму и го добиле името Сини пештери. Кианон пештерата е најголема. За да стигнете таму потребно е да изнајмите бротче или да отидете на организирана обиколка. Посекако ќе ги забележите рекламите на тур-операторите. Всушност, има Сини пештери на три локации околу островот.Сините пештери

- 'Ртот Скинари на северниот врв на островот. Ова е најубавиот дел. Има бротчиња што нудат обиколки кои тргнуваат од пристаништето во Агиос Николаос, како и од Макрис Гиоалос Аликес и Алканас. Пештерите се исто така дел од обиколката на поголеми бродови кои тргнуваат од Закинтос.
- Пештерата Кери - исто така убаво место
- Порто Вромим - не е толку впечатливо, се посетува како дел од обиколката која води до остатоците на брод.

Плажата со остатоци од брод (Навагио)

Бродот се смета дека бил криумчарски и се засукал на прекрасниот мал залив во 1981. Како што стои во грчките реклами, тој се наоѓа на западниот брег и најдобро е да се посети тргнувајќи од Порто Вроми. Одете таму или рано наутро или попладне (после 15:00ч), бидејќи во меѓувреме плажата е преплавена со бродови и туристи, па неретко се случува таму да се укотват и по 20 бродови кои носат по неколку стотина луѓе одеднаш на копното. Имајте на ум дека остатоците од бродотсе многу остри и возможно е да се повредите, затоа бидете внимателни. За покомлетна слика, следете ги знаците до манстирот Агиос Гергио - кога ќе стигнете таму, користе го патот десно за да стигнете до платформата која се наоѓа на околу 180 метри над остатоците од каде и се направени најголем број од фотографиите на разгледниците. Всушност, можеби е поубаво да се види местото од оваа перспектива отколку на самата плажа.

'Ртот Скинари
Најсеверниот раб на островот. Одовде имате панорамски поглед кон морето, а на локацијата има и рушевини од големиот земјотрес во 1953.

Плажи
Агиос Николаос - најдобрата плажа на островот, мал залив во прекрасно природно опкружување во регионот Волимес, 30km од градот Занте. Оваа плажа го добила името според малата капела која се наоѓа во непосредна близина. Одовде можат да се изнајмат бротчина до сините пештери. Песокот на самата плажа е со црвенкаста боја, а плажата најмногу е наменета на младите луѓе кои сакаат да испробаат разни спортови на вода. Не треба да се помеша со Агиос Николаос селото на север од островот.

Аликес/Аликанас - ова е долга песочна плажа и една од најпознатите на островот. Се наоѓа на 18km од градот Закинтос во близина на истоименото место. Името го добила според фармите за сол кои порано биле главен извор на приход за островјаните. Туристите на оваа плажа доаѓаат исклучиво заради кристално чистата вода и убавиот песок. Регионот околу оваа плажа е интересен за љубителите на археолошки испитувања бидејќи нив ги има многу во околината. На самото место Аликес има мноштво ресторани, барови и продавници. На оваа плажа можете да научите скијање на вода и да изнајмите педалинка. Аликанас е продолжение на Аликес плажата. Плажата е песочна и на крајот се наоѓа мало пристаниште за бротчиња кои доаѓаат овде за риболов. Одовде се организираат посетите на сините пештери.

Дафни - Убава песочна плажа каде сообраќајот е забранет. Ова е тивка плажа со само неколку локали на плажата, таверни за храна и пијалаци заедно со лежалки.

Геракас - Ова е една од поубавите плажи на островот и се наоѓа на самиот југ на Закинтос. Дел е од националниот парк, има 30-тина чадори за сонце, но не смеете да поставите свој чадор за случајно да не погодите гнездо од заштитениот вид морски желки кои тука ги положуваат јајцата. Од истата причина нема ни барови на плажата за бучавата и вештачкото осветлување да не ги вознемируваат желките. Над плажата има голем паркинг и на влезот на самата плажа се наоѓа штанд на кој волонтери делат летоци со упатства кои мора да ги почитувате во текот на престојот на плажата. На плажата е јасно ограничен просторот каде желките положуваат јајца и тука пристапот е забранет.

Што да правите на Закинтос
Околу островот - бидејќи Закинтос е мал остров возможно е со автомобил да се прошета целиот застанувајќи на поинтересните места попатно. Ако изнајмите автомобил со погон на 4 тркала, ќе може да ги видите и оние локации кои се подалеку од главниот пат. На пример, може да се тргне од градот Закинтос, да се вози северно по патот кој се протега во должината на крајбрежјето и да се посети Тсиливи, од каде може да се продолжи кон Аликес и Аликенес. На источниот брег опкружувањето станува поимпресивно како што се качувате кон планините. Потоа патот продолжува кон пикторесното одморалиште Агиос Николаос. Оттаму поминувате преку северниот брег кон Навагио (Заливот со остатоците од брод), платформата за набљудување и Волимес во планините од каде можат да се купат локални занаетчиски и уметнички предмети. Понатаму може да се отиде кон заливот на Лимнионас каде е навистина убаво, тивко, и има таверна каде се служи одлична храна. Појужно од ова место го имате Кампи со воодушевувачкиот поглед од врвот на карпите и евентуално светилникот во Кери каде исто така има неверојатни глетки, особено на зајдисонце.

Набљудување желки - Големите морски желки кои се загрозен вид ги користат плажите за да положуваат јајца. За да се заштити овој вид на желки околу Лаганас заливот местото е прогласено за природен резерват (иако се чини дека ова целосно се игнорира надвор од туристичката сезона!). Многу агенции од Лаганас, Каламаки, па дури и Василикос нудат целодневни екскурзии со застанувања со пливање за да се набљудуваат овие желки. Најголеми се шансите да ги видите помеѓу мај и раниот јули, а после овој период нивниот број се намалува.

Доколку сте заинтересирани за грчката модерна историја, посетете го Дионисис Соломос музејот во градот Закинтос, посветен на националниот грчки поет која ја напишал националната химна.

Релаксирајте се на плажа - веројатно најпопуларната занимација на Закинтос!


Храна
Што не треба да правите
Закинтос е дом на загрозен вид големи морски желки. Овие срамежливи, нежни суштетсва положуваат јајца на југот од островот за време на пролетните и летните месеци, кога е масовниот туризам. Јајцата кои се полагаат на плажите на Лаганас и Калмаки во минатото биле кршени со реквизитите за на плажа или децата го откопувале, желките страдале на патиштата откако биле дезориентирани од јаките неонски светла на баровите кои тие ги помешуваат со светлина на Месечината според која се водат при наоѓањето на патот до морето. За среќа, грчката власт сега ја потенцира заштитата на желките поставувајќи знаци и ангажирајќи волонтери кои ги потсетуваат туристите на плажите да имаат почит за желките и да се држат понастрана од нив. Се вели дека неколку несовесни агенции на островот нудат тури до недозволените места - но ова не е добра идеја. Желките лесно се вознемируваат што може да има негативен ефект врз репродукцијата и може да го загрози нивниот опстанок. Новите туристички агенции организираат екскурзии кои се соодветни за целото семејство, на пример вечер со забавна програма/театар и пиратска обиколка за набљудување на желки. Последната обиколка ја води член на организацијата за заштита на желките „Архелон“, која е многу активна на островот и има многу строги правила во Националниот морски парк (заливот Лаганас).

Традиционалните продукти се маслиновото масло, мед од мајчина душица, рибизли и вино, кои можат да се купат на тезгите на патиштата или во селата. Закинтос е остров каде туризмот е во подем, па затоа покрај традиционалната грчка кујна, поголемиот дел од храната е адаптирана за англичаните кои ги има во најголем број. Во Лаганас потешко ќе најдете баклава одошто англиски појадок, но има и повеќе места каде може да се јаде грчка храна и тоа по разумна цена.

Пијалаци
Баровите ги има во изобилие во Закинтос, од опуштените лаунџ барови на плажите до диско клубови. Пивата кои се нудат се грчките Mythos, Alfa , и Fix а често може да се најде и Amstel. Оние кои саакат нешто пософистицирано во однос на пијалаците најдобро е да ги проверат баровите во главниот град на островот. Исто така има и локални селски вина (внимавајте имаат голем процент на алкохол), метакса бренди, како и стандарното узо.

опис на објекти лето 2016 клик >>>

Прочитано 1923 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top