fbpx

ШПАНИЈА ЛЕТО 2019

Брегот на Коста Брава опфаќа 160 километри од убавoто живописно крајбрежие на Каталонија во североисточниот дел на Шпанија. Нејзината природна убавина, бескрајните песочни плажи и летното сонце, привлекуваат милони туристи. Тука ќе најдете модерни туристички летувалишта со бројни квалитетни хотели покрај рибарските села и средновековните градови со древните замоци. Коста Брава со Коста Маресме се протега од Барцелона се до француската граница.
Покрај одморот на прекрасните плажи, туристичките места на Коста Брава (што во превод значи Дива Коска) се идеално лоцирани за посета и истражување на културното богатство на Каталонија. Главниот град Барселона секако може да се рангира меѓу најфасцинантните градови на планетата со бројните атракции како: архитектурата на Gaudi, музејот на Пабло Пикасо, Олимпиското село, Mагичните фонтани, светски познатиот Ла Рамбла булевар, Форумот, Ридот Монжуик и многу други. Музејот на Салвадор Дали во Фигерас е најпосетувано место во регионот заедно со бенедиктинскиот манастир на Монтсерат, изграден високо на камени формации во планините северозападно од Барселона. Еден од најголемите паркови на вода во Европа се наоѓа во близината на Lloret de Mar. Првото големо одморалиште и веројатно најособено од сите на Коста Брава е Tossa de Mar со песочни плажи, мали заливи и историското средиште, Вила Вела, со средновековните одбранбени ѕидови и кули. Лорет де Мар е најпознато летувалиште со најголем број хотели и туристи, со убаво уредена променада покрај морето. Популарното летувалиште Blanes со долгата песочна плажа е јужната точка на Коста Брава, додека во продолжение се туристичките места Малграт де Мар, Санта Сузана и Калеља, кои се всушност дел од Costa Maresme која обично се препознава како дел од Коста Брава. Далеку од крајбрежните летувалишта Коста Брава има богато историско и уметничко наследство во бројни интересни места за посета. Каталонија привлече и инспирира многу познати уметници, вклучувајќи ги Пикасо, Салвадор Дали и Марк Шагал. Салвадор Дали е роден и својот живот го поминал во Фигерас, и насекаде околу селото може да се види неговото влијание. Дали оставил впечатлив белег во културата на Коста Брава, како што архитектурата на Гауди со својата оригиналност ја направи Барселона единствена во светот.

 

Прочитано 7376 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top