fbpx

 

ПРЕД КРСТАРЕЊЕ

Качување на брод
- Влегувањето на брод започнува 3 часа пред поаѓањето на бродот, а завршува 1 час пред тргнување. За влез на бродот потребно е следното:
а) Да ги запишете на претходно примените етикети за багаж сите барани податоци: име, презиме, име на бродот, бројот на кабина, датумот и пристаништето на поаѓањето.
б) Да им се предаде багажот на носачите задолжени да го пренесат во вашата бродската кабина.
в) Да се пријавите на check-in шалтерот на MSC, во зградата на пристанишно-патничкиот терминал (stazione marittima – terminal passaggeri), заради проверка на патните карти и патните документи.
г) По проверката ќе Ви биде врачена бродска картичка (cruise card), магнетна картичка која ќе ја користите на бродот при купување на роба и на вонпансионски услуги, а која воедно служи како клуч на кабината; пред приемот на бродската картичка ќе ја регистрирате вашата кредитна картичка (Visa, Amex, Master Card) или ќе приложите евра во износ за кој претпоставувате дека ќе Ви биде потребен.
д) На бродот услужниот персонал ќе Ве упати до Вашата кабина, а потоа можете да контактирате со шефот на ресторанот (Maitre d’Hotel), за да си одберете маса и редослед на седење за вечерата.

За тие на кои им претходи лет
Се пријавувате на авио шалтерот на превозникот најмалку 2 часа пред полетување.

Патни исправи
Секој патник треба да има важечка патна исправа, во спротивно нема да може да се качи на бродот ниту ќе може да си ги поврати уплатените средства.


КРСТАРЕЊЕ ВО КАРИБИТЕ
Информирајте се во Вашата патничка агенција за условите за добивање виза за Соединетите Американски Држави. Пасошот во моментот на влез во Америка треба да има рок на важност кој мора да е подолг од 6 месеци од предвидениот престој во Америка.

КРСТАРЕЊЕ ВО ЛИБИЈА
Рокот на важност на пасошот мора барем за 6 месеци да го надмине датумот на качување на бродот. На пасошот не смее да има печати или визи од израелските власти, дури и кога визата е истечена. За патниците кои учествуваат во излетите на MSC Cruises бродарот ќе ја обезбеди визата за Либија, а трошокот ќе биде вклучен во цената на излетот. Трошокот на визата за тие кои нема да учествуваат во излетите ќе им биде вкалкуриран во бродската сметка. Тие кои што ќе учествуваат во излетите ќе можат да ги посетат и местата вон Триполи, додека останатите ќе можат да го посетат само Триполи.

КРСТАРЕЊЕ ВО ЕГИПЕТ
Рокот на важност на пасошот мора да е подолг од три месеци во однос на датумот на завршување на крстарењето. Потрeбно е да се имаат две слики, формат како сликата во пасошот.

КРСТАРЕЊЕ ВО ЈУЖНО АФРИЧКА РЕПУБЛИКА
- Рокот на важност на пасошот мора да е подолг од 6 месеци во однос на датумот на завршување на крстарењето. Потребна е потврда за вакцинација против жолта треска.
- Овие информации се важечки во време на издавање на каталогот (09.2006). Ги повикуваме патниците да ги проверат кај нивните патнички агенции.


ВАКЦИНАЦИЈА
За крстарењата со застанување во Јужна Афричка Република мора да се има потврда за вакцинирање против жолта треска. Информирајте се кај патничкиот агент или кај санитарниот инспектор за можните задолжителни или препорачлани вакцинирања при одење во друга земја. МСЦ Цруисес се одрекува од била каква одговорност кон патниците кои не се придржуваат кон инструкциите за превенција од заразни болести.

БАГАЖ
Цврсто препорачуваме да го осигурате багажот во превозот до и од влегување на брод бидејќи во авио и другиот превоз ризикот за багажот го носат патниците, така што MSC Cruises неможе да биде одговорен за губење, ниту за некаква штета на багажот на аеродромите. Вообичаената допуштена тежина во економска класа е 20кг, додека на летовите кон Америка секој патник има право на превоз на две парчиња багаж.

ТРУДНИЦИ
Правилата на бродот дозволуваат трудниците да патуваат, ако бременоста на денот на завршување на патувањето не ја преминува 28 недела и ако имаат потврда од лекар дека се во состојба да патуваат.

Домашни миленици
не се дозволени.

ЗА ВРЕМЕ НА КРСТАРЕЊЕ


Време на оброците:
- Утринското кафе се послужува на најгорната (надворешна) палуба од 06:30-07:00.
- Појадокот во ресторан е од 07:00-09:30, во buffet ресторанот на надворешната палуба од 07:00-10:00 или во кабина 07:30-10:00 (со претходен договор со собарот задолжен за Вашата кабина)
- Ручек во ресторанот од 12:00-13:30, а во buffet ресторанот од 12:00-14:00.
- Вечера во ресторан од 19:00-21:00.

Се послужуваат и посебни диетални оброци спрема желбите/потребите на патниците, но таквата потреба патникот треба да ја посочи на агентот при резервација на патувањето.
Заедно со класичните оброци MSC нуди и попладневна ужина како и полноќен buffet – се е вклучено во цената на крстарењето. Последниот оброк на патувањето е појадок на денот на симнување. Времињата на оброците може да се сменат спрема распоредот на излетите или времето на изпловување на бродот.

Бесплатна рекреација и забава на бродот
Може да се користат фитнес просториите опремени со најсовремени справи (кардио-справи, тегови и други справи за вежбање). Користењето на спортските терени е бесплатно. За време на пловидбата се организираат турнири во одбојка, пинг понг, бриџ..... Тука се и разноводните игри кај базенот, барање на скриеното богатство, квизови, маскембал....

Излети
- Не се обврзувачки и се наплаќаат посебно.
- Редоследот на излетите може да биде изменет.
- За повеќето излети се користи автобуски превоз.
- За излетите који вклучуваат капење на плажите, да се понесе костим за капење и крпа за плажа.
Резервација на местата се прави на бродот до рокот назначен на дневната програма. Во случај да не се достигне предвидениот минимален број на учесници, може да бидат откажани со благонавремено известување и враќање на средствата на патникот. Во цената на излетот вклучен е превозот, посета на спомениците, музеите, парковите како и пијалокот ако е назначен во описот на излетот. Цените и термините на излетите може да се променат поради технички, опративни или други причини, како што е на пример голема дневна промена на девизниот курс на валутите. Во некои од пристаништата освен излетите се организираат и посебни трансфери до центрите на градовите.

Плаќање (валута) на бродот
- Цени изразени во EUR – крстарења по Медитеранот и Северна Европа.
- Цени изразени во USD – крстарења по Јужна Америка, Кариби и Африка.
Плаќањето на сите производи и услуги, освен во казиното, се изведува со бродската картичка – Cashless system (безготовинско плаќање). За време на проверката која претходи пред качувањето на брод, патникот во замена за регистрација на својата кредитна картичка или за депосит во готовина EUR, добива бродска картичка (Cruise Card) која ја користи при купување на сите услуги и производи на бродот и со која се регистрираат сите вон пансионски трошоци. Предпоследниот ден од патувањето се прави пресметка, и на патникот му се враќа разликата во готовина или се задолжува кредитната картичка на патникот – Visa, Master Card, American Express. Diners кредитната картичка не се прифаќа како и личните чекови и електронски картички.

Напојници
Напојниците (наградата) за персоналот се вообичаени на бродовите бидејќи се дел од традицијата на морските патувања. Искажуваат благодарност за добро извршената услуга. Бродарот во име на напојниците ќе ја задолжи сметката на кабината за вредноста на напојниците, за 6 евра дневно за возрасно лице односно 3 евра по ден за дете од 4 – 17 години.

ПРИСТАНИШТЕ / АЕРОДРОМ

Паркирање на автомобилот
Во повеќето пристаништа има достапни места за паркирање. Услугата се наплаќа.
Посебни цени за патниците на MSC Cruises се од 8-10 евра дневно за едно возило:

1. GENOVA – Паркинг Ponte dei Mille
Тел: +39 010 246 2613 – fax: +39 010 256 019; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Го превземаат и враќаат возилото пред бродот.

2. ВЕНЕЦИЈА – Пракинг Venezia Terminal Passageri
Паркиралишта П1 И П2 ; Тел: +39 041 240 3033 – Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


Продавници
Во бродските бутици и duty-free продавниците може да се купи облека, козметички препарати и парфеми, фото апарати и филмови, очила, производи за заштита од сонце и многу други производи.

Облекување
Препорака на бродарите:
- Преку ден на бродот и излетите се препорачува спортска облека и удобни чевли.
- За гала вечерите и посебните вечери нешто поелегантна гардероба.
- При рака да се има полувер поради разликата во температурите помеѓу климатизираните и отворените простори.

Лежалките поред базенот на палубата
Бесплатни се на располагање на патниците. Во близина на базенот и во кабините се наоѓаат крпи за капење.

Дневна програма
Секоја вечер по кабините се дели детална програма за наредниот ден со цел подробно известување за можните активности и забавните случувања препорачани од персоналот на бродот.

Дневни вести
Секојдневно се печатат весници, кои ги содржат главните вести објавени во водечките европски новински изданија. Интегрални примероци од новините може да се побараат по пат на бродскиот уред за информации.

Драгоцености
Можете да ги ставите во сигурносните бродски сефови. Бродарот не ја превзема одговорноста за изгубените или украдени лични предмети, кои не се ставени во сеф.

Разни други услуги
Фото студио, перална, фризерски и козметички салон, сауна и масажа, бродска амбуланта....работат секојдневно. Комуницирање од бродот е можно додека е бродот во пловидба. Може да се користи телефон, fax и други средства за комуницирање. Овие услуги посебно се наплатуваат.

Безжичен интернет
На некои од бродовите можете да се поврзете со интернет од вашиот лап-топ во безжична мрежа.

ПРОДОЛЖЕН ПРЕСТОЈ
На Флорида, во Бразил, Африка, Медитеран и Северна Европа, возможен е организиран престој пред или после крстарењето со сместување во хотели со 3 или 4 ѕвезди.


MSC Crusers

 

Прочитано 7210 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top