fbpx

ДУБАИ ОАЕ

Дубаи, втор по голема од седумте држави на емиратите, со која управува фамилијата Al Maktum. Дубаи, како главен град се простира во залив, во природното пристаниште. Тој не само центар на трговијата и индустријата на Обединетите Арапски Емирати. Последните години се вложува доста енергија и труф во развој на туристичката индустрија пред која е блескава иднина. Комбинација од најквалитетни хотели, бели плажи на плажата Џумеира, чист луксуз, фасцинантни архитектонски проекти и ориентална атмосфера ќе го претворат секое патување во незаборавно искуство. Посетителите на овој сигурен арапски микрокосмос можат да пронајдот перфектно организирана услуга, High Tech, недопрена природа, пустински недопрена природа, палати, фантастичен подводен свет – со еден збор сите контрасти кои го исполнуваат срцето на секој светски патник .

dubai-night

Сигурно сте слушнале за највисокиот хотел во светот, највисоката зграда во светот или за огромниот остров “Мапата на Светот”? Претставете си вечера во најскапиот хотел во светот, а миг потоа да сте дел од културата на бедуините во пустината, или пак романтична вечера по каналот на Дубаи?

Топ 10 места од интерес:

1. Автодромот
2. Прекрасните плажи на Дубаи
3. "Burj Al Arab" -најлуксузниот хотел во светот
4. Островите со форма на Светот
5. Островите со форма на палма
6. "Burj Khalifa" -највисоката зграда во светот
7. Дубаи Музејот
8. Затворениот Ски ресорт
9. "Dubai Mall" -најголемиот трговски центар
10. Пустинско Сафари

Прочитано 8675 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top